Видео-порака од „исчезнатиот“ пратеник Кастриот Реџепи (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Добар сум, не се грижете за мене и им благодарам на сите за поддршката и разбирањето на моите ставови кои се во насока на зачувување на интересите на државата и евроатланската перспектива на сите нас, вели пратеникот Кастриот Реџепи преку видео порака објавена на неговиот фејсбук профил откако Беса дури и во полиција пријави негово исчезнување, а без чиј глас, засега, не е можно на Владата да ѝ биде изгласана недоверба во Собранието.

„Претседателот Биљал Касами и останатите во Беса немаат потреба да бидат загрижени, јас сум добро и на сигурно, јас сум со Албанците и со сите граѓани на државата кои сакаат мир, слобода и просперитет во земјата и продолжување на НАТО и ЕУ курсот. Имам извесни закани од некои лица, но откако тоа ќе биде минато ќе се појавам пред медиумите. Да се ангажираме сите за добро на државата, народот и демократијата, на сите, Албанци, Македонци и сите други кои живеат во Северна Македонија. Се гледаме наскоро. Ви благодарам“, порача Реџепи.