Видео платформата YouTube ќе го намалува квалитетот на снимките


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поради зголемената посетеност на видео платформите како последица на вонредната состојба предизвикана од коронавирусот која владее во светот и ги принуди луѓето да се изолираат во домашни услови, по стапките на Netflix, и YouTube ќе го намали квалитетот на снимките објавени на оваа платформа.

По Netflix и YouTube се согласи на молбите од Европската унија, која барала од стриминг платформите да го намалат квалитетот на своите видео записи за да се спречи преоптоварување на интернетот.

Видео снимките претставуваат значаен дел од податоците во интернет сообраќајот.

Тој потег следи откако Тјери Бретон, комесат на ЕУ, разговарал со извршните директори на компаниите Alphabet и YouTube.

До сега се забележани само неколку случаи во кои употребата на интернетот дошла до границата, но сепак овој потег ќе го намали преопроварувањето на интернет мрежата, велат од компанијата YouTube, пренесе Ројтерс.