ВИДЕО: Ова е најмалиот стан во Италија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во непосредна близина на Пантеонот, на плоштадот Свети Петар и зградата Палата Грациоли, се наоѓа најмалиот стан во Рим со површина од седум метри квадратни.

Просторот е купен и реновиран од архитектот и дизајнер Марко Пјераци. Станот некогаш бил тоалет на домарот на зградата, изградена во 1700 година. Пјераци во тој простор успеа да смести се што е неопходно за секојдневен живот и до неодамна живеше заедно со неговата девојка.

Станот има добро опремена кујна и бања.

Со масата на склопување решен е пристапот до скалите кои водат до собата на катот, во која исто така има кревет на склопување што овозможува собата да се користи како дневна или спална соба.

Најмалата куќа во Италија денес се изнајмува на туристи.