Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Атлетико и Селта одиграа брилијантен натпревар на „Винсенте Калдерон“, кој домаќинот го реши во финишот во интервал од само 120 секунди. Селта два пати имаше предност, а на крајот остана без бодови.
Дефанзивецот на Селта Кабрал го шокираше Атлетико во петтата минута, кога ја искористи лошата реакција на голманот Моја и ја погоди празната мрежа. Само шест минути подоцна волшбен гол постигна Фернандо Торес. Искусниот напаѓач кога ја прифати топката беше свртен со грб кон противничкиот гол, а потоа со волеј успеа да го погоди спротивниот агол.
Истиот играч во 33-та минута не успеа да реалзиира пенал, неговиот удар ја погоди гредата. Инаку Атлетико од почетокот на сезоната има реализирано само три од деветте пенали, а на последните три натпревари промашија истот толку удари од 11 метри.
Во вториот дел, во 77-та минута, Селта изведе школски контранапад, кој со гол го заврши Швеѓанецот Гвидети за 1:2. Резултатот беше активен до 86 минута, кога Караско со волеј од 20 метри го израмни резултатот, а во 88 минута Кореа и Гамеиро му асистираа на Гризман за 3:2.