ВИДЕО: Опсадна состојба во Тирана, демонстранти го опколија Парламентот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илјадници демонстранти, поддржувачи на опозицијата, денеска ја опколија зградата на Парламентот во Тирана, барајќи оставка на Владата и распишување предвремени парламентарни избори.

Демонстрантите, исто така, ја обвинуваат Владата за корупција и врски со криминалот.

Зградата на Парламентот ја обезбедуваат стотици полицајци, како и бодликава жица.

Демонстрантите, на претходните протести, ја гаѓаа полицијата со тврди предмети, која одговори со солзавец.

Албанските медиуми претходно известија дека утрово Тирана практично е под полициска опсада, бидејќи паралелно со седницата на Парламентот е закажан и протест на опозицијата. Пратениците во Собранието почнале да се собираат еден час пред почетокот на седницата, со цел да избегнат средба со демонстрантите.

Медиумите објавија дека граѓаните не смеат слободно да се движат низ улиците на албанскиот главен град. Полициски сили, како што се наведува, ги блокирале пешаците и минувачите помеѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи. Секој кој сака да помине преку „забраната зона”, мора да и покаже лична карта на полицијата.