Видео од упадот на десничарските провокатори на перформансот за геноцидот во Сребреница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дваесетина луѓе со маици со националистички симболи и ликот на воениот злосторник Ратко Младиќ, осуден за геноцид во Сребреница и други злосторства, упаднаа на изведувањето на перформансот „Сребреница. Кога ние убиените ќе се кренеме“ во Белград.

После повеќе од половина час од почетокот на инцидентот, полициски службеници во цивилна облека ги изведоа од салата десничарите кои влегоа во вербална расправија и со актерите и со публиката.

Како што пренесува репортерката на „Радио Слободна Европа“, десничарските провокатори пробале да го прекинат обраќањето на режисерот Златко Паковиќ додека ги читал „осумте точки за театарот и геноцидот“.

Паковиќ им порача дека и тие ќе имаат прилика да говорат, но откако ќе се одржи перформансот. Публиката му аплаудираше на овие зборови и на изјавата дека десничарите треба да го признаат геноцидот.

„Јас се надевам дека еден ден ќе се засрамите поради ова што го правите“, им порача режисерот на оние кои се обидоа да го прекинат перформансот.

„Истите како оние кои ја прекинуваа претставата за Свети Сава во Југословенско драмско позориште на почетокот од војната во Југославија, такви исти и денес се обидуваат да ја прекинат оваа претстава, но нема да успеете“, им порача тој.