Актуелно

Видео од пожарот: До темел изгоре познато кафуле во Прилеп!


Во раните утрински часови до темел изгоре популарното кафуле „Паб Галери Хаус“ во строгиот центар на Прилеп, а причинета е и штета на околните објекти.

Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело да се прошири на повеќе соседни објекти. Штетите се огромни и првично се проценуваат на преку 200.000 евра.

Засега непознато лице утрово околу 3.30 часот влегло во „Gallery house“ пабот во центарот на Прилеп додека угостителскиот објект бил затворен, истурило запалива течност врз инвентарот и го запалило објектот. Ова го потврдија од СВР Битола кои засега не го откриваат името и презимето на сторителот, ниту тоа дали тој е приведен. Според неофицијални и непотврдени информации лицето во моментов е уапсено и се наоѓа во ПС Прилеп. Штетата првично се проценува над 200.000 евра

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top