Home Актуелно Видео од моментот на страшната сообраќајка на автопатот Тетово- Гостивар

Видео од моментот на страшната сообраќајка на автопатот Тетово- Гостивар

Утрово во 06.45 часот на автопатот Тетово-Гостивар кај наплатната рампа кај Тетово се случи страшна сообраќајна несреќа во која загина едно лице, 51-годишна жена од Кичевo.

Двете возила се судриле на самата наплатна рампа, практично меѓу две кабини, што се гледа од видеото.

Неофицијално, најпрво едното возило влетало со огромна брзина и удира во бетонот, па другото се забило во него. Загинатата жена е од Кичево, а возела автомобил Мерцедес со охридски регистарски таблички.

Другото возило во кое имало тројца патници е марка Фолксваген Туарег од Дебар, а го управувало 37-годишно лице. Патниците во туарегот се тешко повредени и префрлени во тетовската болница каде се задржани на лекување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…