Вебкафе

Видео: Нуркаше и случајно сретна едно од најретките морски суштества

Пени Билич нуркала околу островот Комодо во Индонезија, кога забележала мистериозно морско суштество.

Станува збор за ајкула од видот Megashasma pelagios, која првпат е забележана во водите крај Хаваите во 1976 година.

Научниците во последните 40 години снимиле средби со овој вид ајкули само 63 пати, па Билич гордо истакна на Инстаграм дека ѝ е мило што таа е онаа што го видела ова „чудовиште“ по 64-ти пат.

Овој вид ајкули имаат многу голема уста, но научниците велат дека тие не претставуваат закана за луѓето.

Оваа ајкула може да порасне до пет метри, а живее и до сто години. Преку ден таа се спушта на длабочина до 160 метри, додека ноќе оди на лов изронувајќи до длабочини од 12 метри.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top