Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Феноменалниот Расел Вестбрук оствари нов трипл дабл, шести во низа, но тема на денот во НБА лигата е Клеј Томпсон кој против Индијана постигна 60 поени, што е рекорд оваа сезона во лигата.
Голден стејт со 142-106 ја победи Индијана, а Клеј Томпсон имаше магична партија. Кошаркарот на Индијана за 29 минути поминати во игра постигна неверојатни 60 поени.
Томпсон во првото полувреме реализираше дури 40 поени, во вториот дел даде уште 20 и дојде до неверојатната бројка од 60 поени. Со овој учинок тој стана првиот играч на Голден стејт со 60 поени по Рик Бери кој го направил тоа во 1974 година.
Нов трипл-дабл оствари Расел Вестбрук кој ја предводеше Оклахома до победата над Атланта 102:99 со 32 поени, 13 скокови и 12 асистенции. Вестбрук го оствари својот седми трипл дабл во низа и се доближи до остварувањето на Мајкл Џордан кој во сезоната 1989/1990 на девет последовни натпревари бил двоцифрен во три статистички категории.
Резултати:
Филаделфија – Денвер 98:106
Атланта – Оклахома 99:102
Бруклин – Вашингтон 113:118
Торонто – Кливленд 112:116
Чикаго – Портланд 110:112
Хјустон – Бостон 107:106
Милвоки – Сан Антонио 96:97
Њу Орлеанс – Мемфис 108:110
Далас – Шарлот 101:109
Голден стејт – Индијана 142:106
ЛА Лејкерс – Јута 101:107