Видео: Ништо ново, Харден повторно со трипл-дабл!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Харден со нов трипл дабл го предводеше Хјустон до триумф над Шарлот. Тој го забележа 11-от трипл дабл во сезоната, петти на последните седум натпревари и му помогна на Хјустон да ја забележи деветтата победа во низа.

Хјустон го совлада Шарлот 121:114, а Харден имаше учинок од 40 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Хјустон влезе во неизвесен финиш иако имаше предност и од 18 поени. Мечот го реши Рајан Андерсон кој постигна тројка на 90 секундо до крајот.

Јута го изненади актуелниот првак Кливленд 100:92. Гордон Хејворд го доби дуелот со Леброн Џејмс што беше клучно за триулфот на Јута. Хејворд постигна 28 поени, а Родни Худ 18 поени. Леброн Џејмс со 29 поени беше најефикасниот кај Кливленд.

Мајами само во првата четвртина беше рамноправен противник на дуелот со Голден стејт, по што Вориорс се разиграа и дојдоа до победа од 107:95. Тандемот Кевин Дурент – Стеф Кари го предводеа домашниот тим. Дурент имаше 28 поени, додека Кари запиша четири помалку.

Резултати:
Вашингтон – Чикаго 101:99,
Бруклин – Атланта 97:117,
Торонто – Бостон 114:106,
Хјустон – Шарлот 121:114,
Сан Антонио – Милвоки 107:109,
Јута – Кливленд 100:92,
Голден стејт – Мајами 107:95,
ЛА Лејкерс – Портланд 87:108,
Сакраменто – Детроит 100:94