(Видео) Николовски: Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ зашто нема реформи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Желбата за интеграција во ЕУ е основна и за истата има консензус помеѓу сите македонски граѓани. Нешто за што сонуваат генерации од основањето на државата до денес.

За жал, во изминатиот период истата беше блокирана пред сè и најмногу поради грчкото вето. Знаете дека години наназад имавме позитивни препораки за почеток на преговори од 2008 година, но истите не почнуваа поради грчкото вето, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

„За жал, во последниве две години се случува обратен феномен, а тоа е и покрај капитуланскиот договор од Преспа со којшто Владата се обиде да го реши спорот за името, сепак минатата година немаше датум за почеток на преговори со ЕУ. Тогаш владата вети дека ќе има овој јуни. Денес на сите им станува јасно дека и овој јуни датум за почеток на преговори со ЕУ нема да има. За жал, нема да има. Велиме за жал затоа што тоа е на штета на цела држава и на сите граѓани на Република Македонија.

Тоа им беше на сите јасно, но сега еве и јавно. Тоа е така затоа што нема реформи во клучните области. Минатата година во месец јуни на Владата ѝ беше даден роковник и сет на реформи коишто требаше да се остварат. Тие реформи се практично она што е најзначајно за граѓаните на Република Македонија. Тоа се правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Нешто што е насушно потребно за граѓаните во секојдневниот живот.

За жал, речиси година дена подоцна тие реформи не се случуваат и затоа е многу извесно дека во јуни Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Сите други одговори се само изговори.

Сакам да истакнам овде дека и минатата година во април месец предупредивме дека дури и да се реши спорот за името Македонија нема да добие датум за преговори и нема да почне преговори затоа што нема реформи. Тогаш го имаше оној смешен план 3-6-9 којшто беше полн со сè она освен со реформи. И на крај завршивме во иста група со Албанија. Значи од држава којашто беше во група со Словенија и со Хрватска завршивме во иста група со Албанија.

Минатата година некаде во ноември месец во моја колумна насловена „Црни сценарија“ предупредив дека и оваа година во јуни Македонија нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, затоа што нема реформи и ја повика Владата да ги спроведе реформите во клучните области коишто ги побара ЕК.

За жал, месец мај денес на некаде месец и половина пред конечната одлука на ЕУ на сите им е јасно дека овие црни сценарија се остваруваат и дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Затоа е потребно оваа Влада час поскоро да си замине, затоа што се покажа дека во овие две години нема ни капацитет, ни волја да спроведе реформи. Нема капацитет затоа што нема кадри коишто ќе може да ги спроведе реформите, а нема волја затоа што овие реформи пред сè треба да го зафатат Заев и најблиските околу него. Затоа што се во области коишто се најпроблематични за Заев, а тоа е јавната администрација во којашто цвета непотизмот, тоа е корупцијата, односно борбата со корупција којашто галопирачки расте во Република Македонија пред сè на луѓе блиски до Заев и на луѓе од Владата. Тоа се реформите во правосудството коишто, за жал, не ги гледаме и сето ова на купче ставено покрај немањето капацитет и значи немање волја на реформи.

Затоа ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да ја подржат Гордана Сиљановска-Давкова на 5 мај, затоа што победата на Гордана на 5 мај ќе значи пад на оваа Влада, брзи предвремени избори и формирање Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ којашто ќе се зафати со овие реформи, ќе ги испорача, ќе го подобри животот на граѓаните и се надевам дека на крајот на годината ќе може да имаме позитивни вести за членството на Македонија во ЕУ“, рече Николовски.