Спорт

Видео: Несторовски асистира, Трајковски погодува!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со гол за победа се врати во тимот на Палермо по четиримесечната пауза поради повреда.

Трајковски го постигна победничкиот гол на асистенција на репрезентативниот колега Несторовски, со што го комплетира неверојатниот пресврт на Палермо, кој во Џенова, кај истоимениот тим славеше со 4:3.

Џенова поведе со голот на Џовани Симеоне во четвртата минута, а во финишот на полувремето израмни Куаисон. Симеоне, во 57.минута со својот втор гол ја врати предноста на Џенова, која Нинковиќ ја зголеми на 3:1 во 65 минута.

Сепак гостите од Сицилија не се предадоа и најпрвин Голданига намали на 3:2, а потоа Рисполи израмни во 88.минута, за Трајковски во последната минута да го комплетира пресвртот.

Advertisements
To Top