Видео: Нејмар со спектакуларни „ножички“ му донесе победа на ПСЖ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нејмар после летната трансфер сага се врати во тимот на ПСЖ денес на мечот против Стразбур и му донесе победа со неверојатни „ножички“ во последната минута од мечот, пишува Спортски.мк.

ПСЖ се мачеше и не можеше да постигне гол, па кога сите помислија дека мечот ќе заврши без голови, на сцена стапи Нејмар.

Нејмар со спектакуларни „ножички“ во последната минута му донесе победа на ПСЖ и така им „одговори“ на навивачите кои го пречекаа со навредливи транспаренти на трибините.