Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепцијализирана спортска телевизија направи научна анализа на трката во која Усеин Болт го собори светскиот рекорд на 100 метри.
Познато е дека најбрзиот човек во светот оваа дистанца во 2009 година ја истрча за неверојатни 9.58 секунди.
Осум години подоцна Болт на СП во Лондон за последен пат ќе настапи во кариерата во која освои осум златни олимписки медали. Еуроспорт во својата анализа од научна страна покажа како Болт стигна до соборување на рекорднот, но и зошто Тајсон Геј не успеа да го следи.
Иначе Болт во истата година постави рекорд во трката на 200 метри која ја истрча за време од 19.19 секунди.
Светското првенство во Лондон започнува во петок, а Болт освен на трката на 100 метри ќе се појави и во штафетата на 4 x 100 метри.