Видео: Натпревар за историја – Шарлот го прегази Мемфис со 61 разлика


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Шарлот Хорнетс постигна една од најимпресивните победи во историјата на НБА, откако победи како домаќин со 140:79 против тимот на Мемфис.

Главна заслуга за успехот со 61 поени разлика имаше бекот Кемба Вокер, кој реализира 46 поени, иако воопшто не се појави во игра во последната четвртина. Вокер запиша 35 поени за останатите, завршувајќи го натпреварот со 13 прецизни од 18 шута од игра и 10 од 14 од тројка за само 27:56 минути.

Оправданието за тимот на Гризлис е во тоа што не играа најдобрите поединци како Мајк Конли и Марк Гасол. Инаку во досегашната историја во НБА лигата пет кошаркарски франшизи извојувале победа со 60 или повеќе разлика.

Останати резултати

Орландо – Филаделфија 98-118
Хјустон – Детроит 100-96 (п)
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 128-125
Далас – Јута 112-119
Сакраменто – Атланта 105-90