Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во продолжение погледнете го списокот на најголемите симулации кои биле видени на фудбалските терени.
Татралниот судир и размената на удари меѓу Футре и Бујо
Оваа сцена се случи на дерби натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Реал кога голманот на „кралевите“, Пако Бујо театрално одглуми удар и се тркалаше по теренот. Тогаш Паоло Футре се држеше за глава и не можеше да верува што се случува. На крајот двајцата добија црвен картон, а Реал славеше со 2:1.
Актерот Пепе паѓа после расправата со Годин
Пепе и Годин имаа своја театарска сцена во мадридското дерби во 2014 година. После многуте испади на Португалецот, оваа е една од најтеатралните. После разправијата со Година, дефанзивецот на Реал паѓа на тревникот глумејќи дека добил удар во главата.
Безобразниот Бускет во свој стил
Во 2010 година се играше полуфинале во Лигата на шампиони на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и милански Интер, па се случи сцена која засекогаш ќе ја одбележи кариерата на Серхио Бускетс. Неговата безобразна глума во 28-та минута иницираше втор жолт картон и исклучување за Тиаго Мота.
Глумата на Ривалдо на Светското првенство
Се играше полуфинале на СП во 2002 година помеѓу Бразил и Турција кога Ровалдо при изведување на корнер испровоцира втор жолт картон кај Унсал. Тогаш Турчинот со желба да го забрза изведувањето на корнерот му асистираше на Ривалдо и го удри во колкот, а Бразилецот падна и одглуми удар во глава.
Неверојатната симулација на Суарез
За време на натпреварот помеѓу Норвич и Ливерпул, Луис Суарез огорчено падна на терен и се обиде да симулира прекршеок. Меѓутоа, кога виде дека неговите соиграчи ја земаат топката направи неверојатен потег – експресно стана и ја бараше топката за да постигне гол.
„Валканата“ идеја на Бартон
Играчот за врска на Барнли, Џои Бартон ни остана во сеќавање после елиминацијата на Линколн во ФА Купот и тоа поради театралната идеја. Одеше зад дефанзивецот и сам ја удри главата во раката на противникот.
Најголемиот фудбалски симулант
Чилеанскиот голман Роберто Ројас после фрлањето бакла на терен симулираше дека таа го погодила во глава и успеа да ја прекине играта. Ова е дефинитивно потег на најголемиот симулант кој фудбалскиот свет некогаш го видел.