Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За време на неодамнешното истражување на морското дно, австралиските научници пронашле врста на риба која последен пат била видена пред повеќе од 100 години.
„Рибата без лице“, како што необичното суштество било наречено, е пронајдено на длабочина од 3.962 метри, во водите јужно од Сиднеј.
Научниците веруваат дека станува збор за истата врста на риба која британските научници ја пронашле во Коралното Море во 1870 година.
Пронајдениот примерок е долг 40 сантиметри, а отворот за хранење е толку вовлечен во главата, така што од страна личи како тоа морско суштество воопшто да нема лице. Забележливи се само две ноздрви.
За време на двонеделната експедиција, истражувачите пронашле голем број на необични суштества, како црвени бодликави јастози, токсични морски ежови со сплескани боцкалки, големи морски пајаци и ретки јагули кои живеат на големи морски длабочини.