ВИДЕО: Масовен национал-шовинистички протест во Атина – Македонија била само грчка!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стотици илјади демонстранти се собраа на големиот национал-шовинистички протестен собир во Атина, каде што се искажаа бројни пароли на омраза против Македонија и нашиот народ.

Илјадници граѓани, од цела Грција, но и од Атина, семејства со мали деца, пензионери, друштва од млади момчиња и девојки, свештени лица, речиси сите со грчки знамиња во рацете, јавува дописникот на МИА од Атина.

Грчките знамиња се продаваат на секој чекор 1, 2 или 5 евра во зависност од големината.

Проценките се дека масовноста ги надмина очекувањата. Освен плоштадот Синтагма, сите централни улици се преполни со народ. Движењето меѓу народот е тешко, нешто што не било случај на другите протести во Атина во изминатите години.

Дел од граѓаните што стигнале во центарот на Атина, но поради масовноста и преполните улици не успеаја да стигнат до плоштадот Синтагма, решија протестот и обраќањата да ги следат од околните кафулиња, кои пак подготвени за протестот, обезбедиле телевизори на кои во живо се следи протестот.

Паролите што ги извикуваат се веќе познати, се слушнаа и на протестот во Солун, порачуваат дека Македонија е грчка, додека пак според аналитичарите и новинарите во Грција, протестот, како што веќе анализираше МИА, добива и антивладин карактер.

„Ципрас и Каменос ја распродаваат Македонија, да се одржат сега избори“, пишува на плакатот што го носат неколку млади Грци, додека пак „Македонија е грчка“ е најчестиот слоган на плакатите на Грците.

Грците со кои поразговара дописникот на МИА од Атина, велат дека се горди што денеска толку граѓани наместо на кафе или ручек излегле на улици за да го „одбранат името Македонија“.

– Ова е порака до Владата, нема право и не смее да преговара за името Македонија, вели за МИА една постара госпоѓа која заедно со нејзините пријателки дошле на Синтагма, опремени со грчки знамиња.

Во центарот на Атина, меѓу граѓаните се и поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, пратеници од опозициската Нова демократија, префектот на областа Централна Македонија, како и лидерот на партијата Сојуз на централисти.

„Македонија е грчка“, „Подалеку рацете од Македонија“, извикуваа демонстрантите собрани на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент.

„Македонија е грчка и единствено грчка. Тие се обидуваат да ја украдат нашата историја. Мора да се бориме, за да знае целиот свет“, изјави Алија Сарелис, кој допатува од САД специјално за протестот.


Инаку за протестите беа искористени национал-шовинистички плакати кои ги прикажуваа Македонците како ѕверови кои треба да се убијат.

Околу 2.500 автобуси пристигнаа од северна Грција, како и два брода од Крит, превезувајќи ги демонстрантите, објавија медиумите, додека полицијата не ги потврди овие бројки. Организаторите најавуваа дека на протестот ќе дојдат милион луѓе.

Според медиумите, за протестот во Атина дошле околу 2.500 автобуси од северна Грција, како и два брода од Крит

„Илјадници жители на Крит ја пролеале својата крв за Македонија“, кажа еден од нив.

Еден од главните говорници беше 92-годишниот композитор Микис Теодоракис.

„Јас сум мирен и подготвен. Не дозволувајте да бидете уплашени“, кажа Теодоракис.

Во исто време, анархистичките групи одржаа контрапротест, повикувајќи на балканско единство.

Пред две недели, голем протест се одржа и во Солун, на кој, според полицијата, имало 90.000 луѓе, а според организаторите – 400.000.