Видео: Македонско знаме и пајдушко оро на НБА натпревар!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа се вееше македонското знаме и се играше пајдушко оро во американската престолнина и тоа на НБА натпревар помеѓу Вашингтон и Кливленд.

Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД, пренесува „Експрес.мк“.

Настанот беше во чест на кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман, роден пред 23 години во Охрид од татко Турчин, кој игра за репрезентацијата на Турција, а има македонско и турско државјанство.