Видео: Македонија врза две победи и го доби најмладиот дебитант во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија со 3:0, а мечот ќе остане запаметен и по Чурлинов кој со 16 години и осум месеци стана најмладиот дебитант во историјата на македонската репрезентација.

Добрата игра од квалификацискиот натпревар во Вадуз, против Лихтенштајн, македонските фудбалери ја пренесоа и во Скопје против Белорусија, која за Минск ја испратија со три гола.

Подобрата игра од почетокот на мечот Македонија не успеа да ја материјализира по половина час кога гредата го спречи Несторовски да постигне гол. Десет минути подоцна Спировски донесе водство за „црвено-жолтите“.

Во второто полувреме на 2:0 зголеми капитенот Пандев во 61-та минута, а капитенот седум минути подоцна со својот 29-ти гол во националниот тим стави точка на натпреварот.

Во 83 минута во игра влезе Чурлинов, кој со 16 години и осум месец стана најмладиот дебитант. Истиот игра веднаш по влегувањето пропушти шанса да постигне гол.

„Го одигравме овој натпревар како да е квалификациски и заслужено победивме. Среќен сум за моите фудбалери што покажаа дека на теренот не се виде разликата од 100 места на ФИФА листата. Не ни треба еуфорија, верувам дека вака ќе продолжиме и во иднина. Среќен сум за дебито на Чурлинов, но жалам што не постигна гол, тоа ќе беше прекрасно. Ја променивме формацијата, имавме контрола на ситуацијата и реагиравме на нивната промена на системот. Наша работа е да се спротиставиме најдобро што можеме против противникот. Моите фудбалери ги спроведоа идеите на претходните пет натпревари, но сега дојдоа и резултатите. Две победи без примен гол ни нудат многу задоволство. Мораме да останеме цврсто на нозе и да бележиме уште подобро резултати“, изјави Ангеловски.