Видео: Мајами го повлече дресот на Шекил Онил


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На синоќешниот меч против Лос Анџелес Лејкерс, Мајами го повлече дресот со бројот 32 кој го носеше легендарниот Шекил Онил.

Иако настапуваше само четири години за Мајами со кој во 2006 ја освои и шампионската титула, Шекил Онил влезе меѓу славните на овој клуб откако синоќа беше „пензиониран“ неговиот дрес.

Високо горе во „Американ Ерлајнс” арената, дресот на Шек ќе биде меѓу тие на Алонзо Морнинг (бр.33) и Тим Хардавеј (10). Поранешната НБА ѕвезда со „жешките” ја освои шампионската титула во 2006 година, трета во неговата кариера.

За да биде целата манифестација комплетна, се погрижија домашните играчи кои што ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 115:107.

Резултати:
Индијана – Бостон 102:109
Бруклин – Голден Стејт 101:117
Њујорк – Орландо 106:95
Мајами – ЛА Лејкерс 115:107
ЛА Клиперс – Сан Антонио 106:10