Видео: Лукас Леива со урнебесен одговор после голот по 7 години!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ливерпул се изнамачи против нисколигашот Плимут и успеа да се пласира во четвртото коло од ФА купот, откако во реваншот славеше со 1:0 и тоа со голот на Лукас Леива.

За 30-годишниот фудбалер, кој во последно време е во втор план кај тренерот Клоп, тоа беше прв погодок по пауза од седум години или поточно 2.316 дена. Лукас последен пат постигна гол во победата од 4:1 над Стеауа во Лига Европа на 16 септември 2010 година. Рој Хоџсон беше тренер тогаш на Ливерпул и оттогаш се сменија уше двајца тренери.

По мечот, Леива даде интересен коментар: „Зарем е толку долго? Па постигнав гол минатата недела на тренингот, само да знаете“, се пошегува Леива додавајќи. „Навистина е добро да се постигне гол, јас тоа не го правам обично на натпреварите. Му помогнав на тимот, а тоа е најважната работа за мене“.

Вкупно, ова беше седми гол за Лукас во дресот на Ливерпул.