Видео: Левандовски мајсторе, што направи!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа оствари тешка победа против Фрајбург со 2:1, а херој за Баварците беше Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач ги постигна двата гола, а вториот гол за победа во 91-та минута беше вистинско ремек дело. Тој изведе мајсторија на мал простор и постигна феноменален гол.

„Мојата прва помисла беше да ја подадам топката веднаш, но тоа не беше лесна и паметна опција со оглед на тоа што немаше никој во шеснаесетникот. Тогаш сакав само да ја исконтролирам топката, да бидам едноставен и да направам било што. За среќа, успеав во тоа што посакав најмногу“, изјави Левандовски.