Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Триумфот на Лејекрси над Сакраменто и победата на Чикаго со Двејн Вејд над Мајами 98-95, ја обележаа ноќта во НБА.
Чикаго славеше против Мајами 98-95, а во центарот на вниманието беше Двејн Вејд кој летово од Мајми се пресели во Чикаго.
Вејд мечот го заврши со 13 поени, 7 скока и 4 асистенции. Чикаго го предводеа Џими Батлер со 20 поени, односни Режон Рондо со 16 поени и 12 асистенции. Хасан Вајтсајд беше центрлан афигура кај Мајами со двоен ефект од 20 поени и исто толку скокови.
Голден Стејт го декласира Денвер, а актуелниот вицепрвак победата ја обезбеди по првата четвртина кога стекна предност од 19 поени. Стеф Кари го предводеше тимот со 33 поени, 5 скока и 7 асистенции, Клеј Томпсон постигна 19 поени, а Кевин Дурент 18, на кои придодаде 9 скока и 5 асистенции.
ЛА Лејкерс против Сакраменто ја запишаа петтата победа во деветтиот меч. „Езерџиите“ предводени од Лу Вилијамс (21 поен) славеа со 101-91.