Спорт

Видео: Леброн не може сам, Филаделфија го реши Кливленд

Синоќа на програмата во НБА лигата имаше само 4 натпревари, а најголемо внимание привлече дуелот помеѓу Филаделфија и Кливленд, кој им припадна на Сиксерс со резултат 97:108.

Иако Леброн Џејмс одигра уште една фантастична партија и имаше скор од 30 поени, 9 скока и 8 асистенции, сепак немаше доволно помош од остатокот од тимот, каде што само уште Родни Худ беше двоцифрен од сите стартери, и тоа со 11 поени.

Бен Симонс и Џоел Ембиид имаа одлична вечер и како победници си заминаа од Кливленд. Симонс имаше натпревар со кој потсети на Леброн Џејмс, со 18 поени, 9 скока и 8 асистенции, додека Ембиид додаде 17 поени и 14 скока.

Резултати
Мајами – ЛА Лејкерс 113:131
Кливленд – Филаделфија 97:108
Сакраменто – Бруклин 116:111
Портланд – Минесота 108:99

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top