Видео: Лазаров влезе во „клубот 1000“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија загуби од Словенија со 29:22 во третото коло на Мундијалот во Франција, но капитенот Кире Лазаров мечот сигурно долго ќе го памети.

Првиот гол на тој дуел, за 1:1 од пенал, кога Лазаров го совлада Матевж Скок, беше негов 1000-ти во дресот со националниот грб.

Претходно Лазаров имаше постигнато 977 голови на официјални натревари (квалификации, настапи на ЕП и СП), против Тунис даде 12, против Ангола 10, а првиот против Словенија ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет.

Лазаров воедно е убедлив лидер на листата на стрелци на Светското првенство со 31 гол. Пред „црвено-жолтите“ се најмалку уште два меча на турнирот. Тие ќе бидат прилика за Лазаров за дополнителен голгетерски ефект и во репрезентативното досие и во трката за најдобар стрелец на СП 2017.