Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот капитен Кирил Лазаров продолжува со одличните настапи во дресот на Нант, а вчера беше еден од најзаслужните за победата против Екс со резултат 25:29.
Лазаров освен со настапот на теренот ги воодушеви навивачите на овој клуб и после натпреварот со давањето изјава на француски јазик.
Водителите на прогрмата на реномираната „Беин СПОРТС“ неколку пати истакнаа воодушевување што Лазаров е нивни гостин, а покрај тоа им зборува и на нивниот јазик.
„Кога се преселив тука да бидам искрен не знев ниту збор француски, но јазикот ви е потребен да се разберете со соиграчите и тренерот. Со текот на времето учев и како што гледате веќе можам да се разберам“, изјави помеѓу другото македонската ракометна икона.
Колку беа воодушевени коментаторите покажува и нивниот потег на крајот на интервјуто кога на Лазаров му се заблагодарија и на македонски јазик.
https://www.facebook.com/lazarovkiril7/videos/373636863198106/