Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во попладневните натпревари во претпоследното коло во Серија А фокусот беше на мечот Кротоне – Лацио, кој заврши без победник 2:2.
Лацио пропушти со победа да го обезбеди пласманот во Лигата на шампиони и го остави Интер во „игра“. Разликата меѓу двата клуба е 3 бода, но во последното коло доколку „нероаѕурите“ победа во Рим ќе се пласираат во ЛШ бидејќи ќе имаат подобар меѓусебен скор.
„Лацијалите“ први дојдоа до водство во 17-та минута, кога Лулиќ беше прецизен од белата топчка. Потоа следуваше комплетен пресврт на домаќините, најпро погоди Сами во 29-та, а потоа Чекерини во 61-та минута. Милинковиќ-Савиќ го спаси Лацио од пораз во 84-та минута.
Каљари направи големо изненадување и победи на гостувањето кај Фиорентина со 1:0, па избегна од зоната за испаѓање.
Торино со 2:1 го победи СПАЛ, а со истиот резултат Киево победи на гостувањето кај Болоља. Удинезе ја совлада Верона со 0:1.