Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразил синоќа на домашен терен го совлада Еквадор со 2:0 и го обезбеди првото место во квалификациите за Светското првенство во Русија.
Во центарот на вниманието беше Филипе Кутињо, кој иако изминатиот период не играше за Ливерпул, сепак настапи за својата репрезентација.
Кутињо беше стрелец на еден од головите, а веднаш откако погоди тој почна да плаче. Иако никој не знае која е причината за неговите солзи, јасно е дека играчот на Ливерпул е многу тажен.