ВИДЕО: Крокодил изеде жена научник во Индонезија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жена научник во Индонезија била грабната и изедена од крокодил, пишува „Скај њуз“.

Крокодилот ја одвлекол жената идентификувана како Дизи Туво во оградениот простор за рептили, откако скокнал на бетонски ѕид висок 2,4 метри. Откако ја зграбил, крокодилот ја јадел жената додека таа се уште била жива.

Предаторот, долг 5 метри, истражувачите го чувале во лабораторијата „CV Yosiki“ на индонезискиот остров Сулавеси.

Растревожените вработени ја пронашле 44-годишната Туво во челуста на крокодилот и со тешкотии успеале да го извлечат преостанатиот дел од нејзиното тело.

Полицијата соопшти дека трага по сопственикот на крокодилот, јапонски бизнисмен, за кого се вели дека е предмет на истрага.