Видео: Концертот прекинат, Бритни избега од сцената!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Концертот на поп принцезата Бритни Спирс во Лас Вегас беше прекинат, откако на сцената втрча маж.

За среќа обезбедувањето реагираше на време и човекот беше фатен и легнат на под, но Бритни беше преплашена и избега од сцената.

„Има ли пиштол“, панично прашувала поп-ѕвездата, пренесуваат тамошните медиуми.

Мажот кој влета на сцената бил 37-годишниот Џес Веб, кој сепак немал пиштол со себе. Тој на концертот во Планет Холивуд, на почетокот се однесувал немирно, а кога обезбедувањето го замолило да се смири, тој влегол на сцената.