Видео: Кливленд прокоцна 22 поени предност, Голден Стејт гази


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вицешампионот влегува во се поголема криза и испушти предност од 22 поени на гостувањето кај Индијана. Голден Стејт незапирлив и на гостински терен.

Кливленд одлично го започна мечот против Индијана. Со серија од 0-22 брзо се одлепија, првата четвртина ја добија со 12-34, а и на полувреме имаа солидна предност од 44-58, но и тоа на крајот не беше доволно за победа. Најефикасен во тимот на Индијана беше Колисон со 22 поени, а кај гостите од Охајо, Леброн Џејмс запиша највисоки 27 поени.

Актуелниот НБА шампион ја забележа 11. победа по ред на гостински терен, откако синоќа го совлада Милвоки со 98-104. „Воините“ до новиот триумф ги предводеше Кевин Дурант со 26 поени, а Дрејмонд Грин запиша 21 поен.

Резултати:
Шарлот – Јута 99:88
Индијана – Кливленд 97:95
Вашингтон – Орландо 125:119
Атланта – Бруклин 105:110
Милвоки – Голден Стејт 94:108
Минесота – Њујорк 118:10
Њу Орлеанс – Портланд 119:113
Денвер – Мемфис 87:78
Феникс – Хјустон 95:112