Видео: Кливленд на крилјата на новајлиите го победи Бостон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа се одиграа 8 натпревари во НБА лигата, од кои најголемо внимание привлече дуелот помеѓу двете најголеми сили во Источната конференција, Бостон Селтикс и Кливленд Кавалирс.

За тимот на Кливленд за првпат настапија четирите нови играчи кои пристигнаа во тимот на последниот ден од трејд-периодот и дадоа голем придонес во победата 121:99.

Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 24 поени, 8 скокови и 10 асистенции, а успеа и да му го расипе пензионирањето на бројот на Пол Пирс.

Кај поразениот Бостон најдобар беше Тери Розијер со 21 поен, 9 скокови и 5 асистенции додека поранешниот соиграч на Леброн, Кајри Ирвинг постигна 18 поени.

Резултати:
Шарлот – Торонто 103: 123
Атланта – Детроит 118: 115
Бостон – Кливленд 99: 121.
Индијана – Њујорк Никс 121: 113
Хјустон – Далас 104: 97
Минесота Тимбервулвс – Сакраменто 111: 106
Оклахома Сити – Мемфис 110: 92
Портланд – Јута Џез 96: 115.