Спорт

Видео: Кливленд ја прекина низата, Сакраменто изненади!


Кливленд ја прекина серијата победи на гостувањето кај Милвоки, Сакраменто ја победи Филаделфија на гостински терен.

Кливленд со празни раце се враќа од гостувањето кај „Бакс“, не помогнаа ниту 39 поени на Леброн Џејмс. Гостите имаа катастрофална втора четвртина која ја загубија со 39-24, а се чинеше дека мечот е завршен со првите поени во последната четвртина кога Милвоки отиде на 20 поени разлика.

Меѓутоа, Кливленд потоа направи серија од 24:2 и пред самиот финиш од мечот дојде во предност, но во неизвесната завршница подобро се снајдоа домашните играчи кои на крај запишаа победа со резултат од 119:116.

Мало изненадување направи екипата на Сакраменто, која во Филадефија славеше со резултат од 101:95.

Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 95:101
Вашингтон – Њу Орлеанс 116:106
Милвоки Бакс – Кливленд 119:116

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top