Видео: Кливленд и дружината немоќни против Далас!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион во НБА лигата, Кливленд, продолжува со порменливите партии сезонава, откако по победата над Оклахома загуби од Далас.

По триумфот над Сан Антонио, Далас успеа да го совлада и Кливленд 104:97. Двоецот Весли Метјуз-Харисон Барнс искомбинира 45 поени и на шампионот му го нанесе третиот пораз на последните пет натпревари.

Најнеизвесен и најинтересен беше дуелот меѓу Минесота и Орландо кој домаќините го добија со 111:105 и тоа по продолженијата. Триото Вигинс, Таунс и Рубио со 27, 23 односно 22 кошеви беа предводници на Минесота која грчевито се бори за пласман меѓу најдобрите осум екипи со што ќе игра во плеј-офот.

Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 122:119
Мајами – Бруклин 104:96
Бостон – Детроит 113:109
Минесота – Орландо 111:105
Далас – Кливленд 104:97
Феникс – Мемфис 96:115