Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кајри Ирвинг со поените постигнати на 3,5 секунди до крајот на натпреварот го реши големото дерби во НБА лигата помеѓу Кливленд и Голден Стејт 109:108.
Реприза на последните две финални пресметки помеѓу Кливленд и Голден Стејт во целос ги оправда очекувањата, по голема борба победи актуелниот шампион. Во текот на целиот натпревар гостите имаа водство против шампионот, а на почетокот на последниот период имаа и 14 поени позитива (94:80).
Во последните десет минути Ирвинг „се разбуди“ и му беше од голема помош на Леброн Џејмс за триумф на шампионот. Џејмс дуелот го заврши со 31 поен, а Ирвинг имаше 25 поени, со 10 асистенции и седум украдени топки. Најефикасен на дуелот беше Кевин Дјурант со 36 поени.
Резултати:
Њујорк – Бостон 114:119,
Кливленд – Голден Стејт 109:108,
Сан Антонио – Чикаго 119:100,
Оклахома Сити – Минесота 112:100 и
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 111:102.