Видео: Катанец пред ТВ камерите си даде оставка од кормилото на Словенија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Селекторот на словенечката репрезентација Сречко Катанец направи драма откако во директен пренос си даде оставка после несреќниот пораз од Англија.

Словенија синоќа со гол на Хари Кејн во 94-та минута беше поразена од Англија со минимални 1-0. Во последното коло играат против Шкотска, а Катанец пред камерите откри дека тоа ќе биде последен натпревар за него на кормилото.

„Гледам светла иднина за оваа селекција, но без Сречко Катанец. Натпреварот против Шкотска в недела ќе биде мој последен на клупата на словенечката репрезентација”, изјави Катанец додека даваше изјава по натпреварот.