Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Социјализмот во Венецуела си го зема својот данок, па земјата преживува тешка криза со најголема стапка на инфлација во светот од 700%.
Новинарите на Ал Џезеира го посетија Каракас и проверија како се живее со огромна инфлација. Граѓаните дневно можат од банка да подигнат само 20.000 боливари, што е всушност и најголема банкнота во земјата. За тие пари може да се купи килограм сирење.
Единствено пензионерите може да подигнат 30.000 боливари во кеш. Но, за да ја подигнат месечната пензија мора да појдат најмалку четири пати в банка и да чекаат со часови во ред.
До декември најголемата банкнота беше од 100 боливари. Денес мастиките за џвакање чинат 300.