Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ова лето го доведе белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку за да прави разлика во големите натпревари. Поранешниот напаѓач на Евертон требаше да постигнува голови, но во своето деби во конкурентскиот натпревар навистина се посрамоти.
Манчестер Јунајтед загуби во Суперкупот од Реал Мадрид со 2:1, а Лукаку направи навистина голема глупост.
Пред самиот крај на првото полувреме, Андер Ерера истрча едно додавање од последната линија на Реал и топката се одби кон голот на Реал. Иако беше околку 10 метри во позадина во тој момент Лукаку сеедно одлучи да тргне кон таа топка, иако Ерера беше побрз од сите играчи на Реал и би дошол прв до неа.
Наместо да трча кон казнениот простор и да чека додавање од Ерера, Лукаку ја допре топката, па помошниот судија не имаше друго решение од тоа да го подигне знамето.
Видеото за кратко време стана како вирус на социјалните мрежи, а Лукаку предмет на исмејување. Реакцијата на Крос исто така привлече големо внимание во спортската јавност.
Even Kroos is laughing at the genius Lukaku ?pic.twitter.com/AjEXhzSUcE
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) August 8, 2017