Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразил во контролен натпревар ја надигра и лесно ја победи Јапонија со 3:1. Избраниците на селекторот Тите ја завршија работата уште во првото полувреме.
Бразил иако не играше во најсилниот состав бидејќи беше без Дани Алвеш, Миранда и Кутињо, сепак беше пресилен за Јапонија.
Нормално, се се вртеше околу Нејмар кој во 9-та минута го донесе Бразил во водство, но десет минути подоцна не успеа да погоди од белата точка. Потоа следуваше спектакуларен погодок на Марсело, а до полувемето за 3:0 погоди Габриел Жесус.
Во второто полувреме Нејмар ја креваше публиката на нозе со атрактивни потези, а Јапонците успеаа да го ублажат поразот со еден гол.