Видео: Изведе ужасен пенал, па веднаш го избркаа од клубот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Брендикс Пара промаши пенал во Копа Судамерикана, па претседателот на Индепендиенте веднаш го избрка од клубот.

После промашувањето на важен пенал сите играчи добиваат критики, но Пара веднаш доби отказ од претседателот на Индепендиенте.

Можеби поради фактот што се обиде неошалантно со „паненка“ да постигне гол, но тоа го направи на ужасен начин.

„Раководството одлучи да му даде отказ на Пара поради начинот на кој го изведе пеналот. Ако поминевме во следната рунда секој играч ќе добиеше по 4.800 долари“, изјави претседателот на клубот.