Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поразот на Холандија во Софија и нерешениот резултат во Брисел на мечот Белгија-Грција се најголемите изнендувања во квалификациските натпревари од 5.коло во Групите А, Б и Х.
Нов шок за Холандија, избраницаите на Дани Блинд вечерва загубија на гостувањето во Софија. Спас Делев најави големо изненадување веќе во 5 минута, а истиот играч погоди уште еднаш во 20 минута за 2-0 и големи три бода за Бугарија.
Франција во А групата без поголем напор славеше во Луксембург 3:1. Првиот и третиот гол за Франција ги постигна Жиру, втроиот Гризман од пенал.
Португалија во Б групата ја победи Унгарија 3:0. Андре Силва го постигна првиот гол, а потоа двоен стрелец беше Кристиано Роналдо.
Белгија успеа да се спаси од пораз прптив Грција во претпоследната минута кога Лукаку го постави конечниот резултат 1:1. Претходно Грците водеа од 46.минута со погодокот на Митроглу.
Грција натпреварот го заврши со двајца играчи помалку, во 65 минута поради два жолти картони беше исклучен Таксидис, а во 95 минута остото му се случи на Цавелас.
Андора одигра нерешено 0:0 против Фарските острови и по пауза од 11 години и шест месеци и серија од 58 порази успеа да освои бод во едни квалификации.