Видео: Хилсброу, 29 години тага…Половина животи можеа да бидат спасени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешен ден, 15 април 1989 на стадионот „Хилсброу“ во Шефилд загинаа 96 навивачи, а најмладата жртва имаше само 10 години.

„Хилсбороу“ и до денес e најголемата несреќа во историјата на британскиот спорт и една од најголемите спортски трагедии во светот. Ливерпул играше полуфинале од ФА Купот против Нотингем Форес.

Англискиот сојуз го избра неутралниот стадион „Хилсброу“, но за голема жалост се беше завршено со 96 мртви навивачи на Ливерпул и повеќе од 700 повредени.

Несреќните навивачи останаа буквално прегазени на оградата на преполниот стадион кој имаше капацитет од 39.000 гледачи, но поради грешка на полицијата и сигурносните служби присуствуваа повеќе од 54.000.

Како една од главните причини за несреќата се наведува одлуката на обезбедувањето да се отвори заштитната ограда на трибината „Leppings Lane End“ со цел да се намали притисок. Тоа беше кобен потег по кој настана страшно стампедо.

Но, тоа не било единствениот пропуст. Во општиот хаос на „Хлисброу“ истрагата покажа дека скоро половина од загубените животи, 41 од 96 можеле да бидат спасени доколку добиле адекватна лекарска помош.

https://youtu.be/esyxX0iVnYc

https://youtu.be/Am6vmX9SuOY

https://youtu.be/y0DhCN43wSc