Видео: Хари Кејн го „сруши“ Арсенал


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Дербито на северен Лондон кое се играше во рамките на 27-то коло од Премир лигата му припадна на Тотенхем.

Тотенхем на „Вембли“ во возбудлив натпревар со минимални 1:0 го победи Арсенал, а херој за „спарси“ беше Хари Кејн.

Во првото полуреме немаше многу возбудувања и видовме само една шанса која ја пропушти Хари Кејн. Сепак, голгетерот на „спарси“ во 49-та минута се поправи и постигна феноменален гол со глава за водство од 1:0.

До крајот на натпреварот домаќините запретија преку Трипие и Ериксен, но Чех беше одличен во двата случаи.

Арсенал единствената шанса ја имаше при самиот крај преку Лаказет, но Французинот шутираше покрај голот.