Видео: Харден ја промени историјата, постигна неверојатни 60 поени!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во богатата програма синоќа во НБА лигата најголемо внимание привлече Џејмс Харден кој постигна 60 поени, како и високиот пораз на шампионот.

Џејмс Харден реализира фантастични 60 поени и заврши со „трипл-дабл“ во победата на Хјустон над Орландо со 114:107. Ѕвездата на „ракетите“ стана првиот играч во историјата на НБА, кој стигна до „трипл-дабл“ со означени 60 поени во еден натпревар. Тој додаде 10 скокови и 11 асистенции.

Шестмина играчи на Орландо завршија со двоцифрен број на поени, а најпрецизни со 17 беа Марио Хезоња и Мариз Спајтс.

Шампионот Голден Стејт загуби во Јута со неверојатни 30 поени разлика (99-129). Рики Рубио со 23 поени ги предводеше „џезерите“ до убедливиот триумф. Кај „воините“, Клеј Томпсон беше најефикасен со 27 поени.

Резултати:
Вашингтон – Оклахома Сити – 102: 96
Њујорк Никс – Бруклин – 111: 95
Торонто – Минесота – 109: 104
Детроит – Кливленд – 125: 114
Хјустон – Орландо – 114: 107
Њу Орлеанс – Сакраменто – 103: 114
Сан Антонио – Денвер – 106: 104
Јута – Голден Стејт – 129: 99
Лос Анџелес Клиперс – Портланд – 96: 104.