Видео: Хаос во Каталонија, над 300 повредени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најмалку 337 луѓе се повредени во судирите за време на гласањето на референдумот за независност на Каталонија, во напорите на полицијата да го спречи гласањето, соопштиле каталонски официјални претставници, пренесе БибиСи. Во немирите има и уапсени.

Полициски службеници ги спречуваат луѓето да гласаат и да ги заземат гласачките ливчиња и кутии на избирачките места.

Во Барселона, полицијата употреби палки и гумени куршуми за време на про-референдумските протести. Бројот на повредени го потврди портпаролот на каталонската регионална влада, како и одделот за здравство во регионот. Шпанското министерство за внатрешни работи објави дека 11 полицајци се повредени во инцидентите.

Претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон гласаше во местото Корнељ дел Тери во ровинцијата Џирона, наместо, како што претходно планирал, во местото Сан Жулиј де Рамис, каде полицијата насила влегла во гласачкото место, пренесе „Гардијан“. Во едно училиште во Барселона каде се одржува гласањето, полицајци во опрема за разбивање на демонстрации, влегле насила и отстраниле неколку стотина луѓе кои дошле да гласаат, пренесува „Макфакс“.