ВИДЕО: Груби „леташе орли“ на ТВ – го нарече Стоилов играчот со број 5


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24 го покажуваше „двоглавиот орел“ со рацете, и притоа го нарече Стојанче Стоилов играчот со број 5.

Откако беше донесен законот за двојазичност, перјаницата на ДУИ Артан Груби продолжува со провокациите кон македонската публика. Во емисијата 24 анализа тој го покажуваше „двоглавиот орел“ со рацете, инаку симбол кој за Албанците го претставува албанското знаме, а всушност потекнува од византискиот христијански двоглав орел, кој го користат денес на своите знамиња, односно грбови и Србија, Русија, Црна Гора, а во историјата го користеле и Хабзбуршката монархија, Светата римска империја и уште неколку претежно христијански земји.

Покрај ова, Груби кој претходно му порача на ВМРО ДПМНЕ да го напише своето име и со албанска транскрипција, за македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов го користеше изразот „Играчот со број 5“, како што го користеше и коментаторот на МТВ2.

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/304828677050544/