Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Гремио ја освоија титулата во Копа Либертадорес, јужноамериканскиот пандан на европската Лига на шампиони, откако беа подобри од Ланус со вкупен резултат 3:1.
Гремио во возвратниот натпревар влезе со предност од 1:0, но и на гостински терен во Буено Аирес успеа да победи со 2:1 и да стане до првиот меѓународен трофеј по пауза од 22 години.
Триумфот над Ланус го обезбеди по првото полувреме кога ги постигна двата гола. Фернандињо го постигна првиот гол во 27-та минута, а предноста ја зголеми Луан 15 минути подоцна. Домаќинот честа ја спаси во 72-та минута кога гол од пенал постигна Хосе Густаво Сад.
Гремио на тронот го замени Атлетико Насионал, кој минатата сезона во финалето го победи Индепендиенте. Бразилскиот клуб го освои третиот трофеј во Копа Либертадорес, претходно беше најдобар во 1983 и 1995 година.