Видео: Голден Стејт се избори за мајсторка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Голден Стејт се избори за решавачки седми натпревар против Хјустон во финалето на Западната конференција од НБА плејофот.

„Воините“ забележаа убедлива победа од 115-86, иако во еден миг губеа и со 17 поени разлика.

Томпсон уфрли 9 тројки и го заврши мечот со 35 поени, а беше феноменален и на дефанзивната страна со 4 украдени топки. Стеф Кари додаде 29 поени и 6 асистенции.

На спротивната страна Џејмс Харден имаше ефект од 32 поени, 9 асистенции и 7 скока, но отсустото на Крис Пол беше и тоа како забележително.